„Взгљад“: Русија извлече заклучоци од работата на трибуналот за поранешна Југославија

Русија, како што вети, го искористи своето право на вето во Советот за безбедност на ООН по повод резолуцијата за основање трибунал за падот на малезискиот „Боинг“ во Украина.

Штом се против резолуцијата, значи дека кријат нешто“, тоа звучи како најцврст аргумент. И навистина, Русија не може да го убеди Западот дека не е одговорна, затоа што веќе е прогласена за виновна.   

Рускиот весник „Взгљад“ смета дека постојат две причини зошто Русија употреби вето на вчерашното гласање  по повод резолуцијата за основање трибунал за падот на малезискиот „Боинг“ во Украина.

Прво, никогаш претходно не бил формиран меѓународен трибунал под закрила на ООН за авионска несреќа, иако причините за паѓањето на авионите биле истрелана ракета или терористички чин. Преседан не беше направен, а сега се бараше основање на трибунал врз основа на 7 Глава од Повелбата на ООН каде се зборува за „закана по меѓународниот мир и безбедност“. Такви трибунали беа создавани за злосторства направени во текот на војната во поранешна Југославија и геноцидот во Руанда, но воопшто не можат да се споредат со трагедијата на „Боингот“.

„Освен тоа, самата работа на меѓународните трибунали, особено на оној за Југославија, би можела да биде доволен аргумент против основањето на трибунал. Истрагата за граѓанската војна во Југославија фактички се претвори во судење на Србите, што беше максимално далеку од правна објективност и што доведе до тоа судот самиот себеси да се компромитира“, пишува весникот. Самото искуство од југословенскиот трибунал би било доволно Русија да биде внимателна кога се одлучува за основање меѓународен трибунал за несреќата со „Боингот“.

Втората, уште поважна причина се однесува на можноста трибуналот да се искористи како повод за интензивна информативна и политичка кампања против Русија. На судењето би биле повикани руски воени експерти, потоа државници, а подоцна и Владимир Путин.  

Темата „Боинг“ зазема важно место во информативната војна на Западот против Русија, според следново сценарио: „крвожедниот тиранин Путин почна војна во Европа и соборува цивилни авиони“. На Америка ѝ е потребно не само да ја прогласи Русија за виновна, туку и да го „докаже“ тоа на суд, се вели во статијата.

„Самиот систем на меѓународно наднационално судство е создаден од Западот, поточно од Англосаксонците, и тоа за сопствени интереси и според сопствени правила. Бесмислено е   да играш карти со тој што ги смислил правилата на игра, кој ги дели картите, и освен тоа, кај него е банката. Така и овде, не треба дури ни да се обидува. Искуството на трибуналот за поранешна Југославија и пресудата на Меѓународниот арбитражен суда во случајот со „Јукос“ само потврдуваат дека тоа е така“, смета весникот „Взгљад“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.