Седум европски земји се придружија на продолжувањето на санкциите против Крим

ЕУ направи и црна листа на лица на кои им е забранет влез во унијата и чии финансиски средства подлежат на замрзнување.

Седум земји од Европа – Црна Гора, Албанија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Украина и Грузија му ги потврдија на Советот на ЕУ своите одлуки да го продолжат режимот на санкции на ЕУ против Крим и Севастопол до 23 јуни 2016 година.

Ова се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ за меѓународна и безбедносна политика на Федерика Могерини, објавена на сајтот на Советот на ЕУ на 28 јули.

Шест од овие земји, со исклучок на Грузија, исто така се придружија на одлуката на ЕУ од 22 јули за продолжување на економските санкции на ЕУ против РФ до 31 јануари 2016 година.

„Земјите-кандидати за стапување во ЕУ, Црна Гора и Албанија, земјите кои влегуваат во европската зона за слободна трговија - Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, како и Украина и Грузија се придружија на декларацијата на Советот на ЕУ од 19 јуни за продолжување на рокот на важење на мерките за забрана на ЕУ против Крим и Севастопол до 23 јуни 2016 года", - се вели во изјавата на Могерини.

Освен тоа, Могерини истакна дека на санкциите на ЕУ против Сирија се придружиле девет земји-партнери на ЕУ - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Норвешка, Лихтенштајн, Украна, Молдавија и Грузија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.