Преговорите меѓу Русија и Турција за изградба на гасоводот „Турски тек“ се одложени на неопределен рок. Ова го соопшти „Ројтерс“ повикувајќи се на извори во турската влада.
Турските власти инсистираат на попуст од 10,25% на испораките на руски гас при испораки до 28–30 милијарди кубни метри годишно.
„Русија бара од Турција веднаш да се согласи за низа клучни точки од договорот за проектот. Тоа е невозможно. При такви услови барањето за 10,25% попуст за гасот е наше право“, изјави еден од изворите.
Уште една од точките која не ја задоволува турската страна е барањето на Москва за истовремена изградба на четири краци на гасоводот. Турција засега даде согласност за изградба на само еден крак на гасоводот.
Згора на тоа, во спорот за цената на гасот турските власти се подготвени да бараат меѓународна арбитража.
Според изворот, Русија има намера да почека до формирање на нова влада во Турција, што веќе нагло ги поместува првобитните рокови за почеток на изградбата на проектот.
Претходно беше соопштено дека од Министерството за енергетика изјавија за можно одлагање на „Турски тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче