„Јас знам колку е сега неиздржлив животот за повеќето од вас, колку семејства со маја врзуваат крај со крај. За жал, во значителна мера тоа е цената на војната. Во воени времиња во земјата не доаѓаат инвестиции, запрени се 25% од индустрискиот потенцијал на Украина“, истакна тој, а пренесува „УНИАН“.
„Освен агресијата на исток, РФ започна против нас вистинска трговска војна со тоа што ги затвори своите пазари за 50% од извозот од Украина, но ние ќе преживееме“, изјави Порошенко во Лавов во текот на прославата по повод 150-годишнината од раѓањето на митрополитот Андреј Шептицки.
На 30 јуни „Економист“ ја нарече Украина најлошата економија на светот. Таквиот заклучок е резултат од споредбата меѓу земјите според динамиката на БДП.
Според Меѓународниот монетарен фонд, банките во Украина се втори според ризикот за невраќање на кредитите, по Нигерија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче