Американската компанија Шениер Енерџи (Cheniere Energy) за неколку години планира да почне со испорака на течен природен гас (ТПГ) во централна и источна Европа, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Како што наведува агенцијата, таквиот чекор ќе ги ослаби позициите на Русија на европскиот пазар, кој речиси во целост зависи од испораките на „Гаспром“. Од компанијата „Шениер“ засега не ја коментираат веста.
Изворите на „Ројтерс“ тврдат дека „Шениер“ ја разгледува можноста за отворање на терминал за течен природен гас во Хрватска. Таков проект одамна се разгледува од властите на земјата, иако се смета за прескап. Еден од соговорниците на агенцијата смета дека повеќе би одговарал за тој пазар пловен терминал. Од своја страна, функционери од Хрватска (и Унгарија) потврдија за „Ројтерс“ дека дискутирале со „Шениер“ за нејзините планови во однос на работењето во европскиот регион.
Еден од соговорниците на агенцијата укажа дека целта на американската компанија не е да го истиснат рускиот испорачувач, туку да дадат алтернатива на пазарот. Освен тоа, доаѓањето на „Шениер“ на европскиот пазар ќе го покаже политичкиот интерес на САД за тој регион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче