„Руската страна го осудува уништувањето од неидентификувани лица на малезискиот авион МН-17 и уште еднаш изразува најдлабоко сочувство на роднините на сите патници и членови на екипажот кои станаа жртви на оваа монструозна трагедија. Ние неуморно ја потенциравме нашата приврзаност за неизбежноста за казнување на лицата кои го извршија ова злосторство“, се вели во соопштението на сајтот на МНР Русија.
Министерството потенцира дека Русија „многупати настапуваше со предлози во полза на целосно вклучување на потенцијалот на СБ за учество во истрагите што се водат“. „Токму за тоа и беше наменета предлог-резолуцијата на СБ ООН што ја подготви Русија“, додадоа од министерството, напоменувајќи дека „само целосна реализација на Резолуцијата 2166 ќе помогне да се сфати кој е виновен и треба да биде казнет“.
Москва жали „што иницијаторите на завршеното заседание ги занемарија нашите предлози“ и „претпочитаа набрзина да ја дадат на гласање во Советот без дискусија за други опции својата верзија за формирање меѓународен трибунал“.
„Во тие услови Руската Федерација, која на секој начин се стремеше да спречи раскол во СБ ООН и да го пренесе прашањето во конструктивна насока, не сметаше дека е можно да помине политизирано решение кое му се наметнуваше на Советот за безбедност, така што гласаше против него. Во текот на гласањето воздржани беа Ангола, Венецуела и Кина“, - потенцираше министерството.
Во средата, 29 јули, Русија стави вето на резолуцијата на СБ ООН за формирање трибунал за авионската несреќа на „Боингот“ во Украина. „За“ беа 11 земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче