Јацењук објави реализација на план „Б“ во ситуацијата со „Боингот“

Украина заедно со меѓународните партнери ќе пристапи кон реализација на план „Б“ за изведување пред лицето на правдата на виновниците за катастрофата на „Боингот 777“ во јули 2014 година во Донецката област, изјави премиерот на земјата Арсениј Јацењук.

„Не смее да ѝ се овозможи на Русија да го уништи системот на меѓународни односи и да го поткопа авторитетот на Советот за безбедност и ООН. Со нашите меѓународни партнери ја започнуваме реализацијата на планот „Б“, се вели во пораката на Јацењук на „Фејсбук“.

Притоа Јацењук не прецизира што поточно вклучува новиот план.  

„Ветото на Русија е убедлив доказ за вината на руските терористи и директната врска на Кремљ со убиството на невини луѓе. Организаторите и убијците неизбежно ќе бидат казнети. Светот ќе продолжи со донесување на правдата. Виновниците нема да ја избегнат казната“, изјави украинскиот премиер.

Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјавите дека противењето на Русија да се основа меѓународен трибунал за катастрофата со „Боингот“ во Украина наводно сведочат против неа се апсурдни.

На 28 јули официјалниот претставник на МНР Украина Марјана Беца соопшти дека државите што го иницираа создавањето меѓународен трибунал за истрага за падот на малезискиот „Боинг“ разработиле дополнителен план во случај оваа идеја да не добие поддршка во Советот за безбедност на ООН. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња