Киев треба да биде повикан да одговори за одлуката за испраќање на малезискиот „Боинг“ во зоната на борбени дејства, изјави постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин.
„А зошто цивилните летови беа насочувани во зоната каде се водеа воени дејствија?“, праша постојаниот претставник на РФ. „Патниците на малезискиот „Боинг“ можеа и да не знаат дека кај вас има вооружен конфликт. Малезиските воздухопловни власти, на крајот на краиштата, може да не знаат дека кај вас има вооружен конфликт. Но вие прекрасно го знаевте тоа. Зошто го правевте тоа? Поради алчност или некакви други причини? Зошто до ден-денешен не ги доставивте снимките од разговорите на вашите воени авиодиспечери? Ете ви ја „неказнивоста“, пренесува ТАСС.
„Дали казнивте некого за тоа, господине Климкин? Казнивте ли некого во Украина за тоа?“, повторно му се обрати тој на украинскиот министер. Потоа Виталиј Чуркин изрази надеж дека во текот на истрагата на инцидентот ќе се успее „да се разбереме и за тоа“, а правосудството, на крајот, ќе реагира „и во однос на тие што го срушија авионот, и во однос на тие што го насочија во зоната на борбени дејствија“.
Меѓутоа првиот човек на МНР Украина ги остави забелешките на постојаниот претставник на Русија без одговор. Со тоа седницата на СБ ООН заврши.
„Руска реч на македонски“ денеска на нашиот сајт ќе објави ексклузивни коментари за вчерашното гласање во Советот за безбедност на ООН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче