Русија по 2020 година ќе го обнови производството на екранопланите во функција на офанзивни борбени системи со крстосувачки ракети, соопшти во средата висок претставник на командата на Воената морнарица на РФ.
Екранопланот е превозно средство со голема брзине, нешто помеѓу тежок авион и лесен брод. Апаратот лета на височина до неколку метри над површината на водата или земјата, користејќи го земјиниот ефект (ground effect).
Претходно во Русија беа проектирани два модела на екраноплани за вооружените сили: воениот транспортен „Орле“ и ударниот екраноплан „Луњ” со крстосувачки ракети. Меѓутоа, двата проекти беа прекинати во 90-те години поради недостиг на финансии.
„Темата на екранопланот ќе биде обновена во офанзивна варијанта, т.е. како „Луњ“, носач на крстосувачки ракети. Изградбата би требало да почне по 2020 година во Нижни Новгород“, изјави соговорникот на агенцијата.
Според неговите зборови, Министерството за одбрана издало тактичко-технички налог. Во тек се експериментално-конструкторски работи за екраноплан за океанска зона со полетна маса од околу 500 тони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче