Претседателот на Русија Владимир Путин изразува загриженост поради растечката терористичка активност, при што особена загриженост предизвикува ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка. Ова е дел од поздравната телеграма на рускиот претседател до учесниците на XIV Советување на раководителите на тајните служби, органите на безбедноста и органите на редот и мирот на странски држави – партнери на ФСБ РФ. Текстот на телеграмата пред учесниците на советувањето го прочита директорот на ФСБ РФ Александар Бортников.
„Вашиот форум, кој собира репрезентативни делегации од десетици држави, веќе со години служи како потребното место за дискутирање на широк спектар професионални проблеми, размена на искуство, изработка на најефикасни модели на соработка“, истакнува Путин.
„Распоредот на денешнава средба е сосем актуелен, посветен е на прашањата за ефикасно контрадејство врз глобалните предизвици“, се вели во телеграмата на претседателот на РФ. „Особена опасност денес претставува растечката терористичка активност, фузијата на радикалните групи со транснационалниот организиран криминал. Крајна загриженост предизвикува ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка. Терористите се обидуваат да го искористат тој регион како отскочна штица, врбуваат и обучуваат нови борци кои можат да бидат искористени за дестабилизација на други држави“.
„Очигледно, постигнување на значителни резултати во борбата против оваа закана е можно само по пат на континуирана и системска работа, заеднички напори – врз цврста основа на меѓународното право“, потенцира рускиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче