Медиум: Дали Америка ја продава Украина?

Аналитичарите одамна ја изнесуваат претпоставката дека Америка и Европа би можеле да ја продадат Украина во замена за помошта на Русија при потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма, пишува „Атлантик“ (The Atlantic).

Аналитичарите одамна ја изнесуваат претпоставката дека Америка и Европа би можеле да ја продадат Украина во замена за помошта на Русија при потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма, пишува „Атлантик“ (The Atlantic).

„Освен тоа, Вашингтон се обиде да ја добие поддршката на Москва во прашањето за организација на доброволна и уставна оставка на сирискиот лидер Башар Асад, што би можело да одигра значајна улога во решавањето на конфликтот во оваа земја“, се наведува во статијата.

Американскиот весник пишува дека сѐ почесто се изнесуваат претпоставки дека со Путин е склучен некаков заемно поволен аранжман. За тоа почна да се зборува на 14 јули кога американскиот претседател Обама ја пофали улогата на Путин во склучувањето на договорот за иранската нуклеарна програма. Сомнежите се засилија кога помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд отиде во Киев да ги убеди пратениците дека треба при донесувањето на уставите измени да го внесат и прашањето за рускиот јазик и на тој начин да го признаат посебниот статус на Донецката и Луганската област кои се под контрола на „сепаратистите“, се наведува во статијата.

Меѓутоа, новинарот тврди дека Русија добила во последно време две нешта, но дека ниедна не покажува дека Америка се откажува од Украина. Една добивка за Русија е создавањето на дипломатскиот формат „Нуланд-Карасин” во кој украинската криза ќе се решава без учество на Украина. А втората е амандманот на уставот на Украина во кој се наведува дека „специфичностите на реализацијата на локалната самоуправа во одделни реони на Донецката и Луганската област ќе бидат уредени со посебен закон“, пишува американскиот весник.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.