Медведев: Словенија ќе учествува во изградбата на „Турски тек“ по постигнувањето договор за негова реализација

Словенија ќе може да учествува во изградбата на гасоводот „Турски тек“ кога ќе биде постигнат конечен договор во врска со неговата реализација, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев по руско-словенечките разговори.

Словенија ќе може да учествува во изградбата на гасоводот „Турски тек“ кога ќе биде постигнат конечен договор во врска со неговата реализација, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев по руско-словенечкитеразговори. Рускиот премиер, исто така, изрази жалење поради запирањето на проектот „Јужен тек“.

Ние не стоиме во место. Сметаме дека Словенија, која секогаш заземала конструктивен став по ова прашање, ќе може да учествува во различни проекти, вкључувајќи го и Турски тек, кога ќе биде постигнатконечен договор во врска со неговата реализација“, рече Медведев.

Тој истакна дека Русија сака ЕУ самата да одлучи каде ќе поминува гасоводот. Според неговите зборови, постои суштинска разлика меѓу „Јужен тек” и „Турски тек”. Како што рече тој, Русија по прашњето за изградба на гасоводот „Јужен тек“ се обиде да се договори со сите земји, меѓутоа, тоа во одреден период не доведе до посакуваните резултати поради ставот на ЕУ.  

„Турски тек“ е поинаква приказна. Тоа е комерцијален проект. Поради тоа, судбината на гасот на територијата на Европската унија мора да биде решена од страна на ЕУ, за да не се судриме со истите проблеми“, истакна рускиот премиер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња