„Ди Велт“: Путин ја стави Русија во златна стапица тешка 1200 тони

Претседателот на Русија го пополни фондот на златни резерви на РФ и на тој начин сакаше да ја ослободи земјата од власта на доларот, како и во периодот на криза да извлече корист од растот на курсот, пишува германскиот весник „Ди Велт“.

Претседателот на Русија го пополни фондот на златни резерви на РФ и на тој начин сакаше да ја ослободи земјата од власта на доларот, како и во периодот на криза да извлече корист од растот на курсот, пишува германскиот весник „Ди Велт“. Меѓутоа, излезе дека тоа беше голема грешка, заклучува весникот.

„Од 2007 година Русија ги зголеми залихите на злато преку три пати. Додека Русите пред осум години во сефовите чуваа 400 тони, денес имаат 12 575 тони „богатство“. Во јуни златните резерви зајакнаа за 24,5 тони. Русија е шеста на светот по количеството на златни резерви. Само САД, Германија, Италија, Франција и Кина имаат поголеми количини злато“, пишува весникот.  

Меѓутоа, „цените на благородниот метал во последно  време нагло паднаа. За империјата на Путин  ситуацијата стана драматична: сегашните златни резерви во вредност до 45 милијарди долари  вредат исто како и есента 2011 година. А Путин оттогаш ги зголеми резервите на злато за 439 тони, но тие не добија на вредност“, објаснува весникот. Со оглед на тоа дека вкупните резерви на Русија се 358 милијарди долари, намалувањето на вредноста на златото ги намали за 5%. .

Периодот на „топење на златото“ се случи во моментот кога Путин почна да се надева дека ќе ја совлада рецесијата во економијата. Но сега падот на цената на златото ги расипа неговите планови, пишува „Ди Велт“, за што сведочи индексот на Bloomberg Commodities Index, кој во моментов е на најниско ниво за последните 12 години.

„Но за Кремљ нема враќање. Тој е во златна стапица. Милијардите што се „заробени“ во благородниот метал не можат толку едноставно да се користат во случај на потреба. Ако Путин мора да ликвидира дел од златните резерви, тоа уште повеќе ќе ја симне цената на златото и ќе ја доведе својата земја во уште полоша ситуација. Затоа тој не може и нема да го прави тоа“, смета весникот.

Затоа, „на Путин му преостанува да продолжи со антизападниот курс и да се надева дека Русите нема да забележат дека идеологијата на нивниот сакан претседател ги чини скапо“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.