Воени инспектори од Русија ќе извршат набљудувачки летови над територијата на Велика Британија во рамките на Договорот за отворено небо. Ова го соопшти за ТАСС началникот на рускиот национален Центар за намалување на нуклеарната опасност Сергеј Рижков.
„Во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо руска група инспектори планира да изврши набљудувачки лет со руски авион Ан-30Б над територијата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“, соопшти тој.
Според зборовите на Рижков, набљудувачкиот лет со далечина до 2,4 илјади километри ќе се изврши во периодот од 27 до 31 јули од аеродромот од програмата „Отворено небо“ во Брајс Нортон, недалеку од Оксфорд. „Тоа е дваесет и петтиот набљудувачки лет на Руската Федерација над територии на држави-учеснички во Договорот за отворено небо во 2015 година“, објасни тој.
Рускиот авион ќе го реализира летот по веќе усогласена маршрута, а британските стручњаци ќе го контролираат редоследот на примена на апаратурата за набљудување и почитување на одредбите предвидени со договорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче