Половина од Русите поддржаа основање трибунал за малезискиот „Боинг“

Околу половина од Русите - 47 отсто – потврдно се изјаснија за иницијативата за формирање меѓународен трибунал за истражување на причините за несреќата на малезискиот „Боинг“, соопшти „Интерфакс“ повикувајќи се на податоците од анкетата спроведена од „Левада-Центар“.

Околу половина од Русите - 47 отсто – потврдно се изјаснија за иницијативата за формирање меѓународен трибунал за истражување на причините за несреќата на малезискиот „Боинг“, кој се урна во јули минатата година на истокот на Украина. Ова го соопшти „Интерфакс“ повикувајќи се на податоците од анкетата спроведена од „Левада-Центар“.

19 в од учесниците во анкетата имаат негативен став оваа идеја. Една третина (34 отсто) не се изјасниле во врска со ова прашање.

Притоа, според мислењето на 41 и  44 отсто од испитаниците, одговорноста за авионската несреќа лежи кај официјален  Киев, односно кај украинската војска. Уште три отсто сметаат дека несреќата се случила по вина на доброволците на самопрогласената Донецка народна република, а два отсто — по вина на Русија. Од испитаниците, 17 отсто ги обвинуваат САД за катастрофата, а 14 отсто не можеле да одговорат на прашањето.

Во анкетата спроведена од 17 до 20 јули, учествувале 800 лица од 134 населени места во 46 региони на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња