Полигонот кај Нижни Тагил подготвен за испитување на муниција за тенкот „Армата“

Полигонот на Нижнетагилскиот институт за испитување на метали (НТИИМ) во Свердловската област е опремен за испитување на муниција за најновите модели на вооружување на борбените возила со платформата „Армата“ и самоодниот артилериски систем „Коалиција-СВ“, изјави за „ТАСС“ генералниот директор на НТИИМ Николај Смирнов.

„Ние учествуваме во испитувањата на муницијата за тенкот „Армата“ и системот „Коалиција-СВ“. Сега го опремуваме полигонот за одржување вежби во гаѓање на 30 до 50 километри. Поседуваме апаратура која може да ги регистрира резултатите од испитувањето врз основа на стотина параметри – надворешна и внатрешна балистика, дострел, прецизност, брзина“, истакна Смирнов. 

Според неговите зборови, поради зголемувањето на нарачките за вооружување од страна на државата оваа година бројот на вежбите за гаѓање во институтот е зголемен „неколку пати“. На полигонот кај Нижни Тагил се тестира цел спектар артилериско вооружување и муниција од среден и голем калибар, ненаведувани ракети, системи за плотунски оган и авио-бомби.   

НТИИМ ја прави основата на Уралско-сибирскиот центар на Руската академија на ракетни и артилериски науки. Комплексот за тестирање во НТИИМ се смета за најопремениот во сферата на производство на муниција. а полето за тестирање со кое располага институтот (1,5 х 50 километри) е најголемо на светот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.