Либија ќе го разгледа прашањето за купување автомати „Калашников“ од Русија, изјави министерот за информации на арапската република Омар ал-Куаири.
„Ја посетив фабриката „Калашников“, каде добив предлози и информација за цената. Тие информации му ги пренесов на командантот на либиската армија Калифот Хафтар, сега се формира делегација која ќе го разгледува ова прашање“, изјави ал-Куаири во интервју за агенцијата „Спутник“.
Министерот напомна дека поголемиот дел од командата на либиските воени сили се „дипломци на руските универзитети“, пренесува РИА „Новости“.
„На пример, командантот на воздухопловните сили на Либија Сакар Џеруши зборува руски. Ние со Русија имаме историски добри односи“, додаде тој.
„Ја посетив фабриката за производство на воени бродови во Русија, и Русија се согласи да ги испорачува. Сега ова прашање го разгледуваат експертите“, додаде ал-Куаири.
Тој исто така изјави дека западните земји го одржуваат хаосот во Либија и не се трудат да ѝ помогнат да воспостави ред, додека Русија зазема зрела и мудра позиција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче