Борисов: Покажувајќи лојалност и дисциплина спрема ЕУ, Бугарија доаѓа во судир со Русија

„Лојалноста и дисциплината“ спрема Европската унија водат кон директна конфронтација со Русија и предизвикуваат финансиски загуби за Бугарија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Лојалноста и дисциплината“ спрема Европската унија водат кон директна конфронтација со Русија и предизвикуваат финансиски загуби за Бугарија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Шефот на бугарската влада истакна дека Бугарија е „една од најдисциплинираните членки на ЕУ и НАТО“, пренесува агенцијата Регнум. „Секогаш сум инсистирал на тоа дека за секоја земја треба да се суди според нејзините дела. Ништо подобро не зборува за исправноста на политиката од фактите“, истакна Борисов.

„Бугарија, како лојална ченка на ЕУ, ја поддржа Европската комисија. Нашето доследно спроведување на санкциите создава финансиски загуби за Бугарија“, истакна Борисов. „Кога рековме дека мораме строго да се придржуваме до Третиот пакет на енергетски прописи и кога го запревме „Јужен тек“, партнерите од НАТО нѐ разбраа. Бугарија, покажувајќи лојалност и дисциплина, доаѓа во директен судир со Русија.“

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња