Адмирал Чирков: Русија разработува нови големи десантни бродови

Русија разработува нови големи десантни бродови кои ќе можат да носат на палубата над 10 хеликоптери и да превезуваат околу 450 пешадијци, соопшти команданот на Воено-поморската флота на Русија адмирал Виктор Чирков.

Русија разработува нови големи десантни бродови кои ќе можат да носат на палубата над 10 хеликоптери и да превезуваат околу 450 пешадијци, соопшти команданот на Воено-поморската флота на Русија адмирал Виктор Чирков.

„Во тек е разработка на нови големи десантни бродови кои ќе можат да носат на палубата над 10 хеликоптери и да превезуваат околу 450-500 пешадијци, голем број техника и според далечината на пловидбата да бидат практички неограничени“, изјави тој за „Русија 24“.

Според неговите зборови, во еден научно-истражувачки институт се подготвуваат техничките задачи и се вршат науно-истражувачки и експериментално-конструкторски работи.  

„Се подготвуваме нашата индустрија според подготвените документи да пристапи кон нивна изградба“, додаде адмиралот. Според него, разработката и изградбата на новите големи десантни бродови е предвидена со програмата за изградба на бродови.

Како што соопшти претходно Министерството за одбрана на РФ, „првиот таков голем десантен брод се планира да биде изграден веќе до 2020 година“. „Станува збор за нов проект, токму во класата на „големи десантни бродови“, потенцираа од министерството.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња