Швајцарски политичар: Европа греши што ја турка Русија кон Азија

Европските држави создадоа антируски ставови и се трудеа да ги оцрнат руските раководители за оправдување на сопствената агресија, смета пратеникот во Големиот совет на Женева Ги Метан.

Европа без Русија останува без дел од своајта историја и култура, смета швајцарскиот политичар, пратеник во Големиот совет на Женева и новинар Ги Метан на страниците на францускиот весник „Либерасион“.  

„Туркајќи ја Русија кон Азија, Европа прави сериозна грешка“, пишува Метан.

Тој истакнува дека русофобоијата на Запад се родила уште во времето на Наполеон, а потоа преминала во Велика Британија, Германија и, најпосле, во САД. Истовремено, Русија ѝ помогнала на Европа да се ослободи и од Наполеон, и од нацистите по цена на десетици милиони животи. Без жртвите на Русија Европа би живеела поинаку, убеден е Метан.  

„И во 1990 година советска Русија беше единствената империја која кога било решила да се уништи самата себе без крвопролевање“, пишува Метан.

Изненадува фактот што големите европски држави со години се трудеа да ги оцрнат руските раководители и да ги дискредитираат само за да ја оправдаат сопствената агресија.

„Франција, Велика Британија, потоа САД, една по друга сакаа да завладеат со руските богатства и се стрема да ја спречат Русија да им конкурира во колонијалната експлоатација на Азија, Африка и Блискиот Исток“, изјави Метан.

Според него, конфиктот во Украина му е потребен на Западот за да ја уништи руската моќ во Европа, затоа оваа криза може да биде решена без напор од страна на самите Европејци.   

Дојде време да се сфати дека отфрлајќи ја Русија и туркајќи ја кон Азија, Франција придонесува Европа да остане без цел дел од својата историја и култура, а со самото тоа се нарушува и рамнотежата во европската структура и им се придава преголема тежина на Германија, Источна Европа и САД.

„Да се турка Русија кон Азија само поради едноставна недоверба, тоа не е заблуда, ами грешка. Голема грешка!“, изјави политичарот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.