Министерот за одбрана на Русија генерал Сергеј Шојгу им го честиташе на припадниците и ветераните на Воената морнарица на Русија празникот – Денот на воената морнарица.
„Последната недела од јули традиционално им оддаваме почит на ветераните на Воената морнарица на Русија, им го честитаме празникот на работниците на бродоградилиштата и заводите за ремонт на бродови и научните организации на воената морнарица, на сите оние кои се нераскинливо врзани со служба на море“,соопшти прес-служба на Министерството за одбрана.
Според зборовите на Шојгу, „Воената морнарица е основната компонента и главната сила на поморскиот потенцијал на Руската Федерација и еден од најважните инструменти на надворешната политика на државата“.
Министерот за одбрана потсети и на светлите страници кои припадниците на морнарицата ги испишале во херојската историја на русија, напоменувајќи дека речиси 600 морнари станале херои на Советскиот Сојуз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче