Русија за СП 2018 во група со Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Естонија и Кипар

Репрезентацијата на Русија се најде во иста група со селекциите на Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Естонија и Кипар.

Репрезентацијата на Русија се најде во иста група со селекциите на Белгија, Босна и Херцеговина, Грција, Естонија и Кипар.

Русите ќе играат пријателски мечеви со овие репрезентации во својство на подготвителна етапа за Светското првенство во 2018 година, каде Русија е вклучена автоматски како земја-домаќин на турнирот. Резултатите што ќе ги постигне руската репрезентација нема да се важат во оваа квалификациска група.  

На извлекувањето на групите присуствуваа претседателот на Русија Владимир Путин, првиот човек на ФИФА Сеп Блатер, претседателот на УЕФА Мишел Платини, министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко и други. Водители на церемонијата беа шоуменот Дмитриј Шепељов и манекенката Наталија Водјанова.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња