Сите планови за подготовка на светското првенство во фудбал за 2018 година несомнено ќе бидат исполнети и на репрезентациите, и на навивачите ќе им бидат обезбедени конфор и безбедност, тие ќе можат да ја видат новата Русија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.
„За нас првенствено важно е да создадеме достојни услови за екипите, за да можат во целост да се фокусираат на играта и да покажат врвен фудбал. И, се разбира, ќе направиме сѐ, да обезбедиме безбедност, максимален конфор за навивачите“, рече Путин во саботата во Константиновскиот дворец во Санкт Петербург на церемонијата на извлекување на групите за СП 2018.
„Еден од практичните чекори стана укинувањето на влезните визи за сите сопственици на билети за мечевите на светското првенство“, истакна претседателот.
„Би сакал уште еднаш да потврдам дека сите планови за подготовка на светското првенство ќе бидат исполнети. Неговото одржување е една од нашите клучни задачи, тоа е добра можност да му покажеме на светот една многустрана и отворена Русија, способна да воодушеви и инспирира“, рече претседателот на РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче