Путин: Меѓу РФ и нејзините соседи треба да има добронамерна конкуренција

Претседателот на Русија истакна дека свои предности имаат и соседите на Калининградската област - Летонија, Литванија, Естонија и Полска.

Претседателот на Русија Владимир Путин при својата посета на Калининград изјави дека меѓу териториите на РФ и пограничните земји треба да има добронамерна конкуренција и не треба радување на проблемите на странските партнери, ами решавање на сопствените.

„Сите имаме доволно проблеми, не теба да се радуваме на тоа што друтите имаат проблеми. Ќе ги решаваме своите“, изјави Путин.

„Литванија има свои предности, и Летонија, Естонија и Полска. Тоа треба да биде добронамерна конкуренција, и јас сум сигурен дека и Калининград, и Калининградската област имаат многу конкурентни предности. Само треба ефикасно да се искористат“, смета Путин.

Во врска со развојот на областа, претседателот потсети на плановите за продолжување на пистата на аеродромот во Калининград што ќе овозможи слетување и полетување на големи авиони, со што Русите ќе можат директно да летаат за Калининград.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња