Руското ембарго на прехранбени производи им носи на производителите на свинско месо од Франција загуба од 20 евроценти за килограм месо, изјави претседателот на француската федерација на одгледувачи на свињи Пол Офре.
„Пресметано е дека ембаргото за испорака на месо ги чини француските фармери 20 евроценти по килограм“, ги цитира неговите зборови белгиската радиотелевизиска компанија „Ер-Бе-Те-Еф“.
Според зборовите на Офре, руското ембарго довело до намалување на цените на свинското месо на европскиот пазар. Освен тоа, француските производители, кои претходно извезуваа во Русија и свински изнутрици, сега се принудени да ги продаваат во Азија, особено во Кина, по многу пониски цени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче