До 2020 година составот на Црноморската флота на ВМФ на Русија ќе се пополни со 54 нови бродови и пловила. Ова го соопшти командантот на флотата, адмирал Александар Витко, пренесува „Интерфакс“.
Според зборовите на Витко, воено-поморската парада што се одржува во Севастопол е „последната, чија основа ја сочинуваат бродови изградени во времето на СССР“.
„Веќе од следната година ќе имаме нови подморници од Проектот 636, патролни чамци, мали ракетни чамци. Сега овие бродови се наоѓаат во Североморск, Балтијск, а следната година ќе бидат закотвени овде“, потенцираше адмиралот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче