Турчинов: Попрвин Русија би се распаднала според југословенското сценарио отколку Украина

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов ја нарече Русија „горостас на глинени нозе“ и изјави дека таа има повеќе шанси да се „распадне според југословенското сценарио“.

„Во Библијата постои ваква изрека: Кој сее ветар, жнее бура. Токму со тоа се занимава руското раководство кога ѝ прорекува на Украина југословенско сценарио. Тие од петни жили се трудат да го воспостават тоа сценарио, не се воздржуваат ни од гранатирање на цивилни квартови на украинските градови и соборување  на цивилни авиони“, изјави Турчинов, а пренесува агенцијата УНИАН.

Тој истакна дека „Украина е во состојба да ѝ се спротивстави на агресијата на Русија, да се заштити и со текот на времето да си ги поврати привремено окупираните територии на Донбас и Крим“.

Според него, самата Русија, која е „горостас на глинени нозе“, „има повеќе шанси да се распадне според југословенското сценарио“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.