Рускиот систем „Окно-М“ со поголема ефикасност

Можностите на оптичко-електронскиот систем „Окно-М“ во поглед на прибирање и обработка на информации за вселенски објекти се зголемени над четири пати, соопшти во петокот, 24 јули, претставникот на прес-службата на Министерството за одбрана Алексеј Золотухин.

Тој истакна дека од моментот на создавањего рускиот „прозорец во вселената“ извршил над 10 милиони мерења во вселената и открил преку пет илјади вселенски објекти. 

Изградбата на оптичко-електронскиот комплекс „Окно“ почна пред 35 години, на 24 јули 1980 годинаво Таџикистана во близина на градот Нурек) на 2200 метри надморска висина во планините Санглок на планинскиот венец Памир. 

„Откако во 1999 година системот стапи на пробно борбено дежурство, беа извршени над 10 милиони мерења во вселенскиот простор и откриени преку 5 илјади нови високоорбитални вселенски објекти, извршена е контрола над поставувањето во орбита на над 560 вселенски летала и откриени се преку 200 маневри на туѓи вселенски апарати за различна намена“, изјави претставникот на Воздушно-вселенските сили на Русија

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња