Кина нее единствената земја која се занимава со изградба на „спорни“ територии. Дека Русија своите напори ќе ги насочи кон реализација на голем проект поврзан со обновата на инфраструктурата на Курилските острови, објави рускиот премиер Дмитриј Медведев, пишува списанието „Национален интерес“.
На седница на владата Медведев истакна дека реализацијата на овој проект е започната пред неколку години, како и дека сега е влезена во активна фаза. „Вооружените сили и Министерството за одбрана работат не само на воените компоненти, туку и на цивилните. Потребно е обединување на напорите. Островот нема да има само обична функција, туку и функција на заштита на нашите граници и поради тоа му се посветува толкаво внимание. Таму се присутни единици на Вооружените сили на Руската Федерација“, рече Медведев.
Тој исто така изјави дека наскоро ќе ги посети Курилските острови. Како една од последиците на ваквите чекори списанието го наведува влошувањето на односите меѓу Русија и Јапонија.
Списанието смета дека кампањата на руската влада претставува одговор на посетата на јапонскиот премиер на Украина кој му изрази поддршка на украинскиот премиер Петро Порошенко.
Во заклучокот „Национален интерес“ го цитира рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој минатиот месец најави интензивирање на напорите за развој на инфраструктурата на Курилските острови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче