Во Црно море задржан украински „брод-сениште“

Руските граничари во економската зона на Руската Федерација го задржаа украинскиот танкер „Смолни“.

Руските граничари во економската зона на Руската Федерација го задржаа украинскиот танкер „Смолни“. На бродот беа откриени преку 1,16 илјади тони дизел-гориво без документи, соопшти пограничната управа на федералната служба за безбедност за Република Крим.

Федералната служба за безбедност на Русија претпоставува дека танкерот препродавал гориво на отворено море.

Во текот на инспекцијата било утврдено дека бродот нема капетан. Екипажот, составен од 10 морнари, немал никаква службена документација, како ни автоматски систем за идентификација. Тоа значи дека фактички станува збор за „брод-сениште “, кој е невидлив за државните органи за контрола.

Бродот е запленет и е префрлен во пристаништето Керч. Во тек е истрага за неговата дејност во Црното море. На сопственикот на танкерот, поради неовластено преминување на државната граница, според руското законодавство, му се заканува административна казна од преку 3 милиони рубли.

Според податоците на пограничната управа, танкерот ѝ припаѓа на компанијата „Јувас-транс“. Бродот се наоѓал во Црното море и од 2012 година нема влегувано во пристаништа. Од почетокот на 2015 година танкерот околу седум пати го прекршил законот на Русија за државната граница, така што, помеѓу друго, влегувал во територијалните води на Русија и   работел без дозвола на руските погранични органи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња