Медведев: Русија нема страв дека ќе стане зависна од Кина

Русија и Кина имаат рамноправни односи и поради тоа Москва не се плаши дека ќе се најде во каква било зависна положба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Русија и Кина имаат рамноправни односи и поради тоа Москва не се плаши дека ќе се најде во каква било зависна положба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.  

„Се разбира дека нема таква опасност. Со Кина сме рамноправни и негуваме пријателски односи“, рече Медведев одговарајќи на прашање на новинар дали постои опасност Русија да стане зависна од Кина.

Рускиот премиер истакна дека односите меѓу РФ и Кина сега го достигнале врвот и се наоѓаат на највисоко во историјата на руско-кинеската соработка.

„Потребни сме си едни на други. Нам ни треба силен и сериозен партнер како што е Кина, која има огромен пазар и финансиски можности, додека на Кина ѝ е потребен пазар каков што има Руската Федерација. Освен тоа, имаме многу слични ставови во врска со меѓународните прашања“, рече Медведев.

„Ние создадовме подлога за соработка, каква што се ШОС и БРИКС. Поради тоа овде нема никакви разидувања и дури и ќе речам дека често ме прашуваат дали сме се свртиле од Европа спрема Азија, спрема Тихиот океан. Не, ние секогаш сме биле таму, само што сега дојде времето да се активира таа соработка, додаде рускиот премиер.

Тој истакна дека за руската економија моментално не е најдобриот период, како и дека ккинеската економија бележи многу брз раст. Медведев додаде дека Русија е подготвена да ја продолжи соработката со Европската унија и може да го искористи својот транзитен потенцијал за врска меѓу Европа и Кина, како и за реализација на трилатерални проекти.  

„Патот од Кина во Европа не може да ја заобиколи Русија. Сметам дека таа предност би требало да ја искористат како ЕУ, така и Кина, но и другите партнери, а на крајот и нашата земја која, меѓу другото, поседува огромен транзитен потенцијал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња