Француските пратеници видоа „среќни луѓе“ на Крим

Делегација француски пратеници ја посети Јалта и во придружба на претседателот на Државниот совет на републиката Владимир Константинов се сретна со жители и гости на Крим.

Делегација француски пратеници ја посети Јалта и во придружба на претседателот на Државниот совет на републиката Владимир Константиновсе сретна со жители и гости на Крим. Судејќи според нивните впечатоци, на овој полуостров живеат среќни луѓе кои се задоволни од припојувањетона Крим на Русија.

„Овде видовме среќен народ, луѓе кои живеат на Крим и кои се вратија во Русија. Разговаравме и со многу млади. Сликата што ја видовме неверојатно се разликува од онаа што ни ја презентираат. Нѐ пречека нивната голема срдечност. Имавме потполно поинаква претстава за Крим“, рече францускиот пратеник Мари Кристин Далоз. Французитеистакнаа дека не очекувале да видат толку многу гости на Јалта.

Посетата на Крим од страна на француските пратеници ја поддржа и поранешниот претседател на Франција и лидер на партијата „Републиканци” Никола Саркози. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња