Бастрикин: Од Уставот на РФ треба да се исфрлат одредбите за првенство на меѓународното право

Претседателот на Истражниот комитет на РФ предложи од Уставот на Русија да се исфрлат одредбите според кои нормите на меѓународното право се дел од правниот систем на Руската Федерација, пренесува „Интерфакс“.

„Секако треба да се исфрлат од Уставот одредбите според кои општопризнатите принципи и норми на меѓународното право се неодвоив дел од правниот систем на РФ“, изјави Бастрикин во интервју за „Росијскаја газета“.  

Според неговите зборови, за таа цел ќе биде потребно да се постави прашањето за донесување на закон за уставотворното собрание „кое сѐ уште не постои“. Според него, покрај одредбите за првенство на меѓународното право би можеле да се коригираат и низа други уставни одредби, со оглед на тоа дека нашиот Устав е на сила преку 20 години“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.