Наришкин: Крим пред 23 години, во суштина, беше мирно анексиран од Украина

Населението на полуостровот сиве овие години чувстуваше дека се наоѓа во туѓина, изјави спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин.

Крим пред 23 години, во суштина, беше мирно анексиран од Украина, изјави претседателот на Државната дума Сергеј Наришкин на средбата со делегацијата француски парламентарци на чело со пратеникот во Националното собрание од Републиканската партија, копретседателот на асоцијацијата „Франко-руски дијалог“ Тиери Мариани.

„Знам за вашите планови да поминете ден и половина на Крим, тоа го испланиравте претходно“, изјави тој, советувајќи им на француските парламентарци да комуницираат со обичните жители на полуостровот. „Убеден сум, луѓето чесно ќе ви раскажат што чувстувавале и како живееле сиве 23 години – почнувајќи од 1991 година до 2014 година - кога поради низа околности Крим, во суштина, беше мирно анексиран од Украина“, изјави тој.

Притоа Наришкин додаде дека населението на полуостровот „сиве овие години чувстуваше дека се наоѓа во туѓина“. „Тие сонуваа повторно да се најдат во својата историска Татковина, во Русија“, потенцираше политичарот.

Наришкин изрази увереност дека „престојот на Крим ќе овозможи објективно да се оцени ситуацијата на полуостровот и да се разбере расположението на луѓето“.

Претходно шефот на француската делегација Тиери Маријани изјави дека целта на посетата е да се даде поддршка на дијалогот со Русија, затоа што политиката на санкции е неефикасна и опасна.

Маријани истакна дека е “убеден дека враќањето на Крим на Русија е историски условен факт. Затоа што Крим отсекогаш бил руски и затоа неговото врааќање е нешто очигледно и тоа треба да се признае, затоа што, повторувам, тоа е историски факт“, објасни Маријани.

Претставник на француското МНР изјави дека француските власти ја осудуваат посетата на пратениците на Крин. „Се работи за лична иницијатива на пратениците. Многу ни е жал поради тоа“, изјави официјалниот претставник на МНР Франција Ромен Надал. „Оваа посета претставува кршење на меѓународното право“, додаде тој, а пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња