Федералната миграциска служба на Русија упатила до владата предлог да им се дозволи на Русите да можат да оформат два пасоша за патување во странство, изјави за „Известија“ првиот човек на службата Константин Ромодановски.
„Од наша страна ние сме за. Ги испративме документите во владата. Тоа ќе создаде дополнителен конфор“, изјави Ромодановски.
Притоа во средата на прес-конференцијата за резултатите од работата на институцијата за првото полугодие од 2015 година, Ромодановски истакна дека Русите почнале двојно помалку да вадат пасоши за патување во странство, потсетува весникот. Првиот човек на ФМС на Русија го поврза ова со префрлувањето на употреба на пасоши со десетгодишна важност место петгодишна и со „преориентирањето на Русите кон внатрешен туризам“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче