Медиуми: Фармерите од Франција штрајкуваат поради руските санкции

Француските производители на млеко и месо кои трпат штети поради ниските откупни цени за своите производи, бараат од владата да се договори со Русија за укинување на ембаргото на производи, соопштува француската радиостаница „Ер-Те-Ел“.

Француските фармери ги блиокираа патиштата на западот на земјата, повикувајќи ги властите да преземат мерки за раст на откупните цени на земјоделските производи.  Едно од барањата е постигнување договор со Русија за укинување на ембаргото на производи.

Како одговор на протестот, кој трае повеќе од една недела, чиновниците велат дека не можат директно да влијаат на нивото на откупните цени. Сепак, министерот за земјоделство Бруно Ле Мер е убеден дека проширувањето на пазарот би можело да им помогне на француските производители на млеко и месо, а Русија, според него, претставува во таа смисла погоден трговски партнер.

Ле Мер смета дека тековната ситувација е последица на тоа што „се води борба за други политички прашања“.

Владата на Франција веќе го започна процесот на донесување и усогласување на планот за помош на локалните фармери, меѓутоа самите фармери искажуваат претпазливост и загриженост дека ветената помош ќе остане само на хартија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња