Кери зборуваше за „насилната анексија“ на Прибалтикот од страна на СССР

Во 1940 година земјите на Прибалтикот биле подложени на „насилна анексија“ од страна на СССР, изјави државниот секретар на САД Џон Кери.

Државниот секретар на САД Џон Кери настапи со говор по повод 75-годишнината од таканаречената „Декларација на Велс“. Кери потсети дека овој документ „ја осудува насилната анексија на храбрите народи на Летонија, Литванија и Естонија“, пренесува РИА „Новости“.

„Ние се сеќаваме на таа декларација, поднесена на 23 јули 1940 година од страна на вршителот на должноста државен секретар Самнер Велс како сведоштво на нашата заедничка (со овие земји) непроменлива приврзаност кон слободата, суверенитетот и територијалниот интегритет“, рече Кери.

Споре неговото мислење, “„овој документ значи повеќе од привремен симболичен гест“.

„Од 1940 година и до целосното воспоставување на независноста на државите од Балтикот по половина век, знамињата на Естонија, Летонија и Литванија се вееја во Вашингтон“, изјави Кери.  

Споменувајќи ја „советската окупација“, Кери изјави дека САД и земјите од Балтикот во новиот век „споделуваат приврзаност кон демократските вредности, безбедноста на границите“. Според него, „територијалниот интегритет на суверените држави е непроменлив“.

„Американскиот народ ги поздравува нашите балтички пријатели како сојузници во НАТО, членови на ЕУ и партнери, врзани со заедничките погледи за мирна, единствена и слободна Европа“, изјави Кери.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.