Извор: РФ разговара со Франција за враќање на системите за врска од „Мистралите“

На редовната рунда консултации неделава во Москва страните дискутирале за ситуациите поврзани со „виша сила“, а кои се однесуваат на враќањето на веќе монтираната опрема на бродовите, изјави извор во сферата на воено-техничката соработка.

Во последната рунда консултации за „Мистралите“ што се одржа на почетокот на оваа недела, се разговарало особено за враќањето на системите за врска што се веќе монтирани на бродовите, изјави во четвртокот извор во сферата на воено-техничката соработка.

Претходно истиот извор изјави дека документот е фактички готов за потпишување од страна на владите на Русија и Франција и е дефинирана сумата за неисполнување на договорот во износ од 1,2 милијарди евра. На тој начин, Русија би требало да ги добие сите пари што ги платила за договорот.

„Станува збор, особено, за системите за врска кои треба да ѝ бидат вратени на Русија фактички во истиот вид во кој своевремено беа доставени во Франција“, изјави изворот.

Претходно помошникот на претседателот на РФ по прашања за воено-техничка соработка Владимир Кожин изјави за РИА „Новости“ дека преговорите околу „Мистралите“ се ближат до крајот и дека во најскоро време ќе биде потпишан договор за враќање на парите на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња