Екипаж на Ту-95 им го честитал на американските воени пилоти Денот на независноста

Руските стратешки бомбардери Ту-95 прелетале на 4 јули, на денот на независноста на САД, на неколку десетици километри од брегот на Калифорнија.

Руските стратешки бомбардери Ту-95 прелетале на 4 јули, на денот на независноста на САД, на неколку десетици километри од брегот на Калифорнија. Притоа еден од пилотите по радиоврска им испратил порака, која била оценета како прикриена закана, соопштува изданието „Вашингтон Фри Бикон“ (Washington Free Beacon) повикувајќи се на воени извори.

„Добро утро американски пилоти, овде сме за да ви го честитаме Денот на независноста“, рекол еден од членовите на екипажот на Ту-95 користејќи ја фреквенцијата за во случај на несреќа.  

Изворите на изданието го карактеризирале ова како зајадлива порака.

За пресретнување на руските авиони кои се приближиле до брегот на САД на околу 60 километри биле испратени два ловци F-15. 

Како што истакнува изданието, ова веќе не е прв случај руските стратешки бомбардери да летаат максимално блиску до американските граници на денот на независноста на САД. Ваков инцидент се случил и во 2012 година.  Дали и тогаш руските пилоти им честитале на американските колеги, не се прецизира. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.