Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак, во текот на својата официјална посета на „Алкалоид АД“ Скопје, на генералниот директор и претседател на Управниот Одбор на компанијата, Живко Мукаетов, му го врачи медалот „70 години од Победата” за помошта укажана на воените ветерани од Втората Светска Војна.
„Ова признание за мене е огромна чест и посебно ми е драго што ние како компанија на симболичен начин дадовме придонес за луѓето кои ги преживеале воените виори и ги жртвувале своите животи за победа над фашизмот“, изјави Мукаетов на церемонија.
Амбасадорот Олег Шчербак истакна дека врачувањето на ова признание му претставува огромна чест, изразувајќи надеж дека хуманата мисија на Мукаетов и компанијата „Алкалоид“ ќе продолжат и во иднина.
„Русија, Република Македонија и сите членови на меѓународната заедница одбележуваат истакнат настан во историјата на човештвото – 70 години од победата над фашизмот. Во тој контекст, за мене претставува голема чест денес да му врачам признание на господинот Мукаетов, ценејќи ја неговата благородна и хумана дејност која е достојна за висока почит. Овој медал е доделен од рускиот организационен одбор „Победа“ предводен од Претседателот на Руската Федерација, господинот Владимир Путин. Имајќи ја предвид неколкукратната помош од страна на компанијата Алкалоид преку донација на лекови и медицински производи, од сé срце им посакувам уште поголеми успеси како на Мукаетов, така и на сите вработени во компанијата“, истакна Шчербак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче