Русија распоредува бомбардери Ту-22 на Крим како одговор на американската ПВО во Романија

Ударните авијациски сили на Военото воздухопловство на Русија на Крим наскоро ќе бидат засилени со ескадрила бомбардери Ту-22М3.

Ударните авијациски сили на Военото воздухопловство на Русија на Крим наскоро ќе бидат засилени со ескадрила бомбардери Ту-22М3. Според зборовите на претставникот на одбранбениот ресор на Русија, ова е „една од мерките кои се преземаат како одговор на распоредувањето американски ракети во воените бази на територијата на Романија“.

„Во оваа фаза се распоредува ескадрила Ту-22М3 на аеродромот на Крим. Нејзината борбена способност ќе овозможи значително засилување на авијациската заштита во водите на Црното море и околината. Не е исклучено дека трупите Ту-22М3 во иднина да прераснат во полк“, соопшти Минисерството за одбрана на Русија. Како што се наведува, „зоната на дострел на бомбардерот и неговите ракети ги надминува водите на Црното море“.

Поранешниот началник на Ракетните сили за стратешки намени на Русија Виктор Есин на 21 јули изјави дека американската ПРО западно од Букурешт ќе биде приоритетна цел на руската војска во случај на воен конфликт со земјите на НАТО.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.