„Рособоронекспорт“ во 2015 година ќе продаде оружје во странство за околу 13 милијарди долари

Портфолиото на нарачки исто така не се менува и изнесува околу 40 милијарди долари, изјави претставник на „Ростех“, во чиј состав спаѓа „Рособоронекспорт“.

Компанијата  „Рособоронекспорт“ во 2015 година ќе продаде оружје во странство за околу 13 милијарди долари, соопшти во средата началникот на одделот за комуникација и информација на државната корпорација „Ростех“ Василиј Бровко.

„Обемот на извоз на воени производи ќе остане некаде на нивото од 13 милијарди.  Портфолиото на нарачки исто така не се менува, изнесува околу 40 милијарди долари“, изјави тој.  

"Рособоронекспорт" минатата година испорача во странство производи за воена намена за сума од 13, 2 милијарди долари, надминувајќи го планот за 22 милиони долари, соопшти претставникот на државната корпорација „Ростех“.

Според неговите зборови, биле извршувани испораки во 59 земји во светот. Најголеми увозници на руското производство за воена намена биле Индија (25%), Кина (22%), Ирак (22%), Сирија (5%), Венецуела (5%). Основниот извоз, во географски рамки, отпаѓа на Азија (75%), Латинска Америка (9%) и Блискиот Исток (7%)“, додаде соговорникот.

„Рособоронекспорт“ е дел од „Ростех“ и е единствениот државен посредник за извоз на производи за воена намена.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.