Русија предлага да се назначи специјален пратеник на генералниот секретар на ООН за помош во истрагата на авионската несреќа на малезискиот „Боинг“ во Украина. Ваквата одлука е предвидена со предлог-резолуцијата која РФ ја поднесе за разгледување до Советот за безбедност на ООН.
Во документот се содржи барање, адресирано до Бан Ки-Мун кој треба во рок од две недели по усвојувањето на резолуцијата да го информира Советот за безбедност „за чекорите кои ќе овозможат засилување на улогата на Обединетите Нации за поддршка на истрагата, особено, за назначувањето на специјален претставник на генералниот секретар за инцидентот“.
Во текстот исто така се искажува загриженост за тоа што истрагата за инцидентот спроведувана од Холандија не одговара на критериумите изложени во Резолуцијата СБ ООН 2166, меѓу другото, и што „не ја обезбедува потребната транспарентност во организациските прашања и методиката на работа, што може да им се одрази со негативен ефект врз резултатите“.
Истовремено, во документот не станува збор за потребата од фомирање на трибунал за кривично гонење на одговорните за авионската катастрофа, за разлика од малезискиот текст кој беше доставен минатата недела.
Претходно постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин изрази надеж дека членките на Советот за безбедност ќе успеат „да најдат заднички именител“ и да изработат усогласена варијаната на текстот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче