Оваа година во Грција има за 62% помалку туристи од Русија

Во првите пет месеци од 2015 година во Грција бројот на руски туристи е помал за 62% во споредба со минатата година.

Во првите пет месеци од 2015 година во Грција бројот на руски туристи е помал за 62% во споредба со минатата година – односно 56 илјади туристи помалку, соопшти во средата Банката на Грција.

Приходите добиени од руските туристи опаднале во периодот јануари-мај за 58% -на  50 милиони евра, притоа падот во мај се зголемил на 66,3%, го пренесува „Интерфакс“ соопштението на ЦБ.

Според податоците на „Росстат“, намалувањето на туристичкиот прилив од руски туристи во првиот квартал на 2015 година изнесува 40%, или 1,3 милиони патувања.

Во споредба со првиот квартал од 2014 година, кога одмор во странство имале 3,181 милиони граѓани на Русија, за истиот период во тековната година во странство со туристички цели патувале малку повеќе од 1,899 милиони Руси.

Традиционално популарните дестинации за руските туристи – Шпанија, Италија и Грција загубиле соодветно 41, 31 и 29% од рускиот туристички прилив. Се забележува намалување на интересот и за најевтините дестинации – Турција загуби една третина од туристите, Египет една четвртина помалку.

Најмала загуба има Кипар – бројот на туристи, во споредба со првиот квартал од 2014 година се намалил за 10%, како и кај Црна Гора и Хрватска, кои загубиле 8%, односно 3% руски туристи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.