Медиуми: Русија има тајно оружје против американската ПРО – „објектот 4202“

Суперсоничното летало, на кое Русија работи во рамките на таканаречениот „Проект 4202“, ќе го направи американскиот глобален систем за противракетна одбрана бесмислен, изјави извор кој ја познава оваа ситуација.

„Ако Русија го добие леталото кое веќе стана познато како „Објект 4202“, кое е во состојба со суперсонична брзина да прави маневри во однос на надолжната и попречната оска на авионот (во вертикална и хоризонтална рамнина), нашата земја ќе може гарантирано да го совлада секој напреден систем на противракетна одбрана“, изјави неименуваниот извор.

Тој тврди дека оваа година продолжуваат испитувањата на „Објектот 4202“. Самиот проект е мошне стар, но конструкторите го гледаат како преодна фаза кон создавање современ блок за тешките интерконтинентални балистички ракети, вклучувајќи ја РС-28 „Сармат“.

Во медиумите во јуни се појави информација дека Русија минатата зима вршела испитувања на суперсонично ударно летало.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.