Медиуми: Медведев, а не Путин, ќе ја води „Единствена Русија“ на парламентарните избори во 2016

Раководстото на „Единствена Русија“ соопшти дека во 2016 година на изборите за Државната дума првпат партијата нема да ја води претседателот на земјата, туку премиерот Дмитриј Медведев.

Раководстото на „Единствена Русија“  соопшти дека во 2016 година на изборите за Државната дума првпат партијата нема да ја води претседателот на земјата, туку премиерот Дмитриј Медведев.

Со самото тоа „Единствена Русија“ ја нарушува традицијата од 2007 година на врвот на нејзиниот список на кандидати на федералните избори секогаш да стои шефот на државата, кој дури во тој момент и не мора да биде официјалниот лидер на партијата.

„Тоа е нормално, кога претседателот на партијата лично се наоѓа на чело на списокот. Владимир Путин останува наш морален лидер и основач на „Единствена Русија“, кој како претседател ја дефинира стратегијата и курсот за развој на земјата. А Дмитриј Медведев, на чело на партијата што е на власт, ја насочува „Единствена Русија“ на реализација на тие задачи“, изјави за „Известија “ претседателот на генералниот совет на партијата Сергеј Неверов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.