Кремљ: Грција не се обратила до РФ за финансиска помош за да печати драхми

Грчките медиуми тврдат дека Ципрас побарал од Путин околу 10 милијарди долари за да ја печати драхмата.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас не се обратил до Русија за финансиска помош за да печати драхми, изјави портпаролот на претседатеот на РФ Дмитриј Песков, демантирајќи ја на тој начин таквата информација што беше објавена во некои грчки медиуми.

„Многупати и претседателот кажа, и министерот кажа, и ние на најразлични нивоа кажавме дека грчката страна и раководството на Грција не се обратиле до Русија за помош“, потенцираше Песков.

Грчките медиуми тврдат дека Ципрас побарал од Путин околу 10 милијарди долари за печатење на драхмата, затоа што за тоа на земјата ѝ се потребни резерви во цврста валута.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња