Шефот на МНР Велика Британија Филип Хамонд изјави дека премногу сложените демократски процеси го ставаат Западот во неповолна ситуација по прашањето за спротивставување на РФ, соопштува во средата весникот „Фајненшел Тајмс“.
Според информациите на изданието кое цитира делови од настапот на Хамонд на заседанието на меѓупартискиот комитет по прашања од надворешната политика, министерот изјави дека Обединетото Кралство и НАТО не се способни брзо да реагираат на промените во светот затоа што треба да добијат одобрение од парламентот, медиумите и јавноста.
Хамонд истакна дека „РФ извонредно брзо успеа да нѐ надмине во новите технологии, на пример, на полето на кибертехнологијата“.
„Ние како нација и дел од Алијансата треба да мислиме како да се справиме со тешкотијата на нашиот релативно пресложен процес на донесување одлуки“, додаде министерот.
Хамонд исто така истакна дека е разочаран од неспособноста на британската влада да започне воена операција против терористичката група „Исламска држава“ во Сирија, без оглед на тоа што Велика Британија влегува во составот на меѓународната коалиција за борба против ИД во Ирак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче