Рускиот воен сателит „Космос-2504“ кој беше лансиран во март оваа година, го привлече на себе вниманието на американските стручњаци, соопштува „СпејсЊуз“ (SpaceNews).
Според зборовите на претставникот на Пентагон, сателитот направил најмалку 11 маневри, што го натерало американското министерство за одбрана да помисли дека станува збор за орбитално антисателитско оружје.
„Космос-2504“ исто така внимателно го следат во здружениот центар за вселенски операции на стратешката команда на САД, додава „СпејсЊуз“.
Министерството за одбрана на САД се плаши дека наведениот сателит, заедно со својот аналог „Космос-2499“ претставуваат закана за американските вселенски системи.
Според Џон Шелдон, директор на „Институтот Џорџ Маршал“, маневрите на сателитот покжауваат дека „можностите се наоѓаат во рацете на земји (Русија и Кина) кои во иднина можат да им донесат на САД непријатности“.
Подоцна во јуни беше лансиран уште еден сателит „Космос-2505“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче