Русија поднесе во Советот за безбедност на ООН своја верзија на предлог-резолуцијата за истрагата околу катастрофата на авионот „Боинг“ во Украина во 2014 година, соопшти постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.
„Се наоѓаме во процес на консултации. Ние ја претставивме својата предлог-резолуција. Свикавме седница за девет часот вечерва за да дискутираме за тоа“, изјави Чуркин за новинарите.
Претходно Малезија поднесе во СБ ООН предлог-резолуција за формирање на трибунал за истрага на авионската несреќа.
Чуркин повторно ја потврди позицијата дека Русија се залага против формирање на трибунал, затоа што тоа не соодветствува на нормите на ООН.
„Цврсто сум убеден дека во Советот за безбдност ние треба да се занимаваме со својата работа. Едни водат истрага, други, на пример, новинарите, пишуваат за сѐ. Ние треба да се придржуваме до Повелбата на ООН, меѓународното право, резолуцијата која претходно ја донесовме - 2166 - и врз основа на тоа треба да дејствуваме така, како што треба да се однесува Советот за безбедност“, изјави тој.
„Тоа ѝ противречи на Повелбата на ООН. Ние сметаме дека Советот за безбедност не треба да се занимава со слични ситуации“, додаде тој, коментирајќи ја инцијативата за формирање трибунал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче